Предмет: Microsoft подготвува нов гејминг маус Пет Апр 17, 2009 2:46 am
SideWinder X3 има програмабилни кликови, односно две главни, едно средно и по едно копче од двете страни на маусот. Овој маус исто така има и клик за брзо префрлање во Windos Vista games папката како и три копчиња за менување на брзината на DPI сензорот.
X3 е опремен со 2000 DPI ласер сензор, но не содржи BlueTrack технологија, а максимално забрзување изнесува 20G. Онаа што е добра работа кај овој маус е тоа што е тој е помалку "дебел" од останатите модели , при што самиот тим на Microsoft додал некои позитивни промени во дизајнот за разлика од некои стари модели.