Поради распаѓањето на полскиот МYM, G7 федерацијата одлучи да ги отстрани од нивната листа на тимови. Со ова останаа 7 активни членови.
Како што беше претходно кажано, банкротирањето на ESNation кои беа главни спонзори на МYM, доведе до распаѓање на самиот тим. Самото ова покрена дискусија во федерацијата на G7 и беше донесена одлука МYM да биде отстранет од нивната листата на тимови.
Во врска со ова Alexander T. Muller, кој е еден од постарите членови и основачи на оваа група изјави: ‘‘Ова е навистина тежок момент за нас, навистина сите се надевавме дека МYM ќе го преживее банкотирањето на ESNation. Тие како тим беа навистина битен дел од нашата федерација и беа прилично продуктивни. Како и да е ова беше тешка одлука, но и доста јасна. Со ова сакавме да докажеме дека на сите идни проблеми на кои ќе наидеме ке им влеземе во пресрет и ќе пробаме да најдеме соодветно решение за нив.’’[img]
[/img]
Со оваа одлука G7 останаа со седум активни члена: SK Gaming, compLexity, fnatic, Evil Geniuses, Made in Brazil, Mousesports и Craig "Torbull" Levine како индивидуалец